Костовски: Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам

Од:

„Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин“, вели бизнисменот Трифун Костовски, едне од акционерите на Еуростандард Банка, по вчерашната информација дека Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.

„На 17 октомври, јас еден од акционерите на Еуростандард Банка добив известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на Еуростандард Банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај.Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин“, вели Костовски.

Според него, „кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на Еуростандард Банка, а финализирани ако не од кој било друг, туку од Народна Банка“.

Тој смета дека неговата колумна објавена на 13. октомври на некои портали е повод за давање на зелено светло на Народна Банка за покренување на вакви кривични пријави.

„Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија“, додава тој во писмената изјава до медумите.

Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.Како што информираа од НБРМ, кривичната се однесува за предизвикување стечај на банката.

Народната банка до Јавното обвинителство предложила и преземање мерки што се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

Орце Костов