Костовски: Со новите мерки за компаниите се очекува намалување на цената на основните продукти од 10 отсто

Од:

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и стопанството во време на светска економска и енергетска криза. На вчерашната седница на Владата донесена е одлука за обезбедување на поевтина електрична енергија за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

– Тоа значи дека компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час. Тоа е повеќе од двојно поевтино од редовната цена на пазарот за мегават час. Со овие мерки компаниите, производители на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од страна на овие компании. Како што веќе беше јавно соопштено од производителите на основни производи, дека со ваква цена на електричната енергија, крајните цени треба да се намалат за најмалку 10 отсто вели Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он