Костадинова: Капиталните проекти како браната Конско се инвестиција за иднината, барокот е враќање во минатото,

Од:

Нема поголема инвестиција во иднината на државата од реализацијата на крупни инфраструктирни проекти кои ќе придонесат да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и да се унапредат условите за развој на конкретни стопански гранки вели пратеничката на СДСМ Марија Костадинова.

– Браната Конско во Гевгелија е конкретен пример дека СДСМ е партија посветена на развојот и на градењето просперитетна иднина. Владата предводена од СДСМ го иницираше, го започна и целосно го реализираше најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион во последните 50 години, вреден 40 милиони евра. Со новата акумулација на браната Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хекрати во целото Гевгелиско поле. Дополнително, со гордост најавуваме реализација на системи за наводнување на четири брани, со кои ќе се обезбедат услови за интензивно и конкурентно земјоделско производство во вкупно осум општини. Ова е најголема инвстиција во сегментот водоснабдување од осамостојувањето на државата. Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека наш приоритет се крупни капитални инфраструктурни проекти кои се инвестиција во иднината, а не евтин барок кој е враќање во минатото. Скапите гипсени фасади на ДПМНЕ мора да останат во минатото. На граѓаните не им е потребна евтина реприза од најкриминалното владеење во историјата на Македонија, рече Костадинова.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир