Косовските Срби побараа од Брисел да воведе санкции кон Приштина

Од:

Косовските Срби бараат од Европската Унија да воведе политички и економски санкции кон властите во Приштина, се додека Владата на Рамуш Харадинај не ја повлече одлуката за 100 отсто такси на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина.

Своето барање косовските Срби го изнесоа на денешниот протест во северна Митровица, на кој исто така беа побарани гаранции од меѓународната заедница дека во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население, нема да доаѓаат припадници на специјалните полициски единици и на Безбедносните сили на Косово (ФСК).

Тоа, според нив, е „единствениот начин да се избегне ескалација на конфликтот“.

Диркеторот на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица, Милан Ивановиќ, кој во името на Србите од северно Косово ги прочита барањата до ЕУ, нагласи и дека политичките претставници на Србите нема да се вратат во институциите во Приштина се додека не биде укината таксата.

Тој исто така ја пренесе и поддршката за одлуката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дијалогот со Приштина да продолжи „само откако ќе се укинат дискриминаторските такси и другите нецарински мерки против српскиот народ“.

– Посебно го поздравуваме официјалниот став дека Србија ќе го заштити српскиот народ на северот на Косово и Метохија во случај на какво и да е загрозување на нашата безбедност, која е длабински доведена во прашање со формирањето на таканаречената Војска на Косово, изјави Ивановиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Членови на кабинетот на претседателот и премиерот на Србија физички се судрија на автопатот

Вучиќ: „Ниш е ослободен вечерва, со вашите барања е завршено

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија