Стратегијата за управување со јавните финансии на ИПА 2 механизмот за граѓански организаци денеска беше претставена пред претставници на граѓанското општество со цел да се зголеми искористеноста на средствата.
Алексанадр Колекески, проектен координатор на ИПА 2 механизмот на граѓанските организации изјави дека се прават консултации со цел да се подобри намената на искористеноста на европските средства.
– Многу е важно да се унапреди самиот процес на управување на јавните финансии, нешто што со години наназад е укажувано од Делегацијата на ЕУ во извештаите за државата, рече Колекески во ЕУ Инфоцентарот.
Извршниот директор на Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ Александар Николов, потенцира дека целта на денешната консултативна средба е да се слушнат мислењата на граѓанскиот сектор за Нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018–2021, изработена од работна група составена од Министерството за финансии. Спроведувањето на програмата ќе биде со поддршка од ЕУ, од околу 20 милиони евра.
Претседателот на Центарот за економски анализи Марјан Николов (ЦЕА) потенцира дека крајно време е во Република Македонија политичките елити и државната администрација да ја сменат перцепцијата од тоа дека граѓанскиот сектор со нив влегува во арена.
– Да разберат дека граѓанскиот сектор со нив влегува во форум за дебата за да можеме да биде поефикасни, поекономични и поефективни како нација, рече Николов.