Коњановски најави легализација на фармите

Од:

„Земјоделците и сточарите, следната година, ќе можат да ги легализираат рибниците, оранжериите, ладилниците, магацините дивоизградени на земјоделско земјиште“, изјави Зоран Коњановски.

Во првата половина од наредната година земјоделците ќе можат да купат и земјоделска маханизација преку ИПАРД програмата на Европската комисија која предвиде 14 милиони евра за таа намена.

„Од идната година исто така во програмите за финансиска поддршка дополнителна поддршка ќе добиваат регистрираните земјоделци. Тие ќе добиваат 20 проценти повисоки субвенции во однос на евидентираните земјоделци а во наредните пет години  ќе стигнат и до 50 проценти поголеми субвенции“, додаде Коњановски.

Според него, владата подготвила и низа поволности за земјоделските задруги.

 

Би можело да ве интересира

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади