Конференција на тема „Функција и примена на Законот за вршење на сметководствени работи“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Комора на сметководители на Македонија.
Целта на конференцијата е спроведување јавна дебата со остварување широка дискусија и вклучување на сите релевантни страни, сметководители и овластени сметководители, кои се засегнати од Законот за вршење на сметководствени работи, претставници на ИСОС и претставници на институциите на Владата на Република Македонија.
Учесниците на конференцијата ќе дадат свој придонес преку соодветни коментари, предлози и забелешки за Законот за вршење на сметководствени работи, кои ќе бидат истакнати пред надлежни институции, заради квалитетна имплементација на законот и унапредување на сметководствената професија.
На конференцијата ќе присуствуваат сите релевантни претставници на секторот односно, сметководители и овластени сметководители во Република Македонија, претставници на ИСОС, на владини и меѓународни институции и организации како и останати засегнати релевантни страни.