Коалицијата на младински организации СЕГА денеска ќе организира конференција на тема „Актуелни политики за младинско вработување на ЕУ и Република Македонија“.
Како што е најавено, на конференцијата ќе говорат Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА, Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување, Скопје, и Синиша Пекевски, консултант за вработување и претставник од организацијата Младиинфо.