Конференција: Групното финансирање, crowdfunding, иднина на финансирањето идеи

Од:

Алтернативниот модел на групно финансирање (crowdfunding) е иднината на финансирањето проекти и идеи, заклучија учесниците на денешната прва конференција за групно финансирање во Македонија што ја организира здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ од Скопје.

На конференцијата беше презентиран првиот водич за спроведување crowdfunding кампањи, изработен од Здружението во соработка со тимот на компанијата за креирање друштвени игри Final Frontier Games.

Oсновачoт на креативниот центар од Словенија „Полигон“ Лука Пишкорич, кој е дел од тимот на иницијативата „Slovenia Crowdfunding“ ја посочи важноста од искористување на капацитетите на локалните заедници, осбено капацитетите на младите креативци за успешно спроведување на една crowdfunding кампања.

Според Марко Греговиќ, основач на „Бродото“ агенција за социјален импакт, специјализирана за кампањи, дизајн и медиа и организатори на годишната Zagreb Crowdfunding Convention, crowdfunding пазарот е отворен за секаков вид идеи, од патувања до идеи за почнување бизнис. – За една кампања потребни се добра идеја, добар тим, персонален компјутер, телефон и интернет, рече Греговиќ.

Економскиот аналитичар Сем Вакнин ја потенцира важноста од тимска работа.

– Здружете се во тим и остварете партнерство со други луѓе. Колку е поголем тимот, толку е поголема шансата за да остварите успешна crowdfunding кампања, порача Вакнин.

Присутните имаа можност да учествуваат на една од четирите работилници и да ги зајакнат своите капацитети за различни сегменти од процесот на спроведување crowdfunding кампањи.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска