Агенцијата за катастар на недвижности ги покачила цените на своја рака без да го земе мислењето на Комората на трговски друштва за геодетски работи, а тарифникот за геодетските надоместоци го донела за да ги сокрие поскапувањата на имотните листови.
Ова е впечатокот кој го имаат од Комората на трговски друштва за геодетски работи иако сепак се сложуваат со висината на надоместоците бидејќи истите се непроменети 10 години.
– Овие цени се апсолутно реални и се врз основа. Се согласуваме со тарифникот, цените се реални, но требало да биде етапно за да не дојде шок зад кој сега стојат поскапувања на Агенцијата со кои Комората нема врска.
Но, за нив најголем проблем е што Агенцијата носи правилник откако јавните овластувања им ги одзема како институција.
– Агенцијата тврди дека имала зголемени трошоци за плати и струја. Во извештајот на Европскиот совет стои дека “катастарот е неефикасен, а услугите се скапи“. Ова не се единствени непромислени потези кои ги повлекува Катастар. Да информирам дека Агенцијата на катастар го доведува во прашање правниот систем на земјата. Директорот и ги одзеде овластувањата на Комората за геодетски работи неполни шест месеци откако Агенцијата исплати судски трошоци за истиот потег кој го направи претходно – изјави Никола Рибароски претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.
Најновиот правилник е директно кршење на законите и уставот и пресметка на директорот со приватните компании, смета тој. Иако јасно е запишано кој издава и одзема лиценци во законот, сега со овој правилник ќе се врши упад во ингеренциите на комората.
– Точно е, кога се одземени јавните овластувања, Агенцијата за катастар ќе ги издава дозволите во име на Комората. Тој сега во име на комората ќе прави се. Во изменетиот правилник си го стави своето име и презиме. Дали директорот смета дека ќе биде вечен или мисли дека по неговиот мандат овој правилник ќе се поништи. За иста работа со овој правилник ќе имаме две лиценци за иста работа издадени од две институции – рече Рибароски.
–