Зоран Китанов, кој е близок човек на Зоран Заев, поднесе оставка од функцијата претседател на Одборот на директори во Македонски Телеком на која беше назначен во декември 2020 година, но причините за оставката не се познати.
Предлог Одлуката на Македонски Телеком АД Скопје е објавена на Македонска берза а ќе стане извршна од 30 мај 2023 година кога треба да се одржи собранието на акционери.
„Собранието ги онстатира оставките на Андреас Мајерхофер, државјанин на Австрија од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото и на Зоран Китанов, државјанин на Република Северна Македонија од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото со примена почнувајќи од 30 мај 2023 година“, стои во одлуката.
Владата ги предложи Германката Данијела Брујиќ и Игор Милев, адвокат кој на позицијата во Телеком доаѓа од советничкото место на диркеторот на Царинска управа. Тој претходно бил член и на Државната изборна комисија.
Милев ќе заработува надомест од 372.000 денари или околуи 6.000 евра колку што заработуваше Зоран Китанов како неизвршен член на ОД.
Китанов најверојатно ќе се посвети на својата нова компанија за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи , „К-Пауер Дооел“ која ја формираше во Струмица на 2 декември 2021 година, а има канцеларија и во Скопје.