Утро – Москва
Големото кинеско економско чудо изгледа оди кон својот залез. Според последните податоци од Националното биро за статистика на Кина, во март извозот на стоки од НРК опаднал за 14,6 проценти во споредба со истиот месец минатата гподина.
Падот на извозот не е единствената нагла промена во економијата во март. Споредбено со него опаднал и увозот за 12,3 проценти. Соодветно, профитот од надворешната трговија излезе неколку пати понисок од очекуваното – едвај 3,08 милијарди долари. Промените кои се очигледни може во блиска иднина Кина да ја претвори од нето извозник во нето увозник.
На основа на овие промени продолжува да опаѓа и економскиот раст во земјата. На пример, минатата година економијата на Кина порасна за 7,4 проценти – што е најслабото темпо на раст во последниве 24 години. Падот на темпото на раст ќе продолжи и оваа година: владата на НРК прогнозира економски раст од едвај 7 проценти.
Но и тие седум проценти не се сосема сигурни. Според мнозина експерти, резултатите ќе бидат пониски од прогнозираните заради падот и на извозот и на увозот. Треба да се одбележи споредбата со критичниот пад во февруари, кога извозот се намали дури за 48,3 проценти, а увозот за 20,5 проценти.
Меѓу главните причини за намалувањето на извозот експертите го посчуаат јакнеењето на јуанот. Падот на увозот се должи на проблемите околу градежниот пазар, заради кои се купуваат помалку суровини и материјали. Посебна тема за се поголемите проблеми се долговите кон физичките и правните лица. Што се однесува на главните причини за состојбите во кинеската економија, тие се класични по својата природа. Да се потсетиме дека „кинеското чудо“ најмногу беше условено од ниската цена на работната сила во НРК. Имено, селаните кои отидоа да работат во фабрики со цел да заработат жолти парички, ја направија Кина она што е таа денес. Нивното надоаѓање ја хранеше индустријата со децении по ред и токму тоа ја обезбеди долготрајноста на „чудото“.
Но денес голем дел од луѓето кои дошле некогаш во фабриките од село добиваат доста повисоки плати, а во многу случаи дури и блиски и со европските. Од една страна тоа стимулира внатрешна потрошувачка, но од друга скоро до нула ја сведе основната предност на производството во Кина. Сега и во најдалечните села не може да се најде човек кој е подготвен да работи во производство за ситни ари, како што беше случајот до пред неколку децении.
Свесни за ситуацијата, властите и Комунистичката партија го корегираа стратешкиот развој на земјата. На поример, Кина се насочи кон постепено отстапување од улогата на „работлиница на светот“. Одлучено е производствата, кои се базираа на ефтина работна рака, да бидат префрлени во други земји, најмногу во Африка.
Во самата Кина, според лидерите на кинеската Комунистичка партија, акценти треба да се развојот на високотехнолошките производства, обработката и производствто на производи со макисмална добивна вредност. Тоа е причина која предвидува голем дел од луѓето да се вратат од градовите во своте далечни селца.
Промени од тој вид со сигурност ќе се одразат врз темпата на економски раст. Очигледното намалување на стоковото проивзодство веќе предизвика значителен пад во кинескиот извоз на ефтини потрошувачки производи.
Истовремено, многу сомнеж буди самата можност Кина да постигне успех на пазарите за високи технологии и идеи. Можноста човек да твори и да прави откритија го голема мера е определено од состојбата со човековите слободи и демократски институции. Тука Кина се сретнува со големи проблеми, со оглед на комунистичкото државно устројство.
Во крајна мера, илјади млади перспективни и талентирани кинези добија добро образование во САД и ЕУ, и не брзаат да се вратат во татковината и остануваат на запад за таму да заработат. Во моментов таа тенденција е на пат да стане неповратна. Нештата може да станат поинакви само при бришење или ослабување на идеолошката содржина. А тоа пак е невзоможно, затоа што би предизвикало конфликт меѓу прогресот и основите на државното уредување во денешна Кина.
Затоа споменатите противречности ќе влијаат се посилно врз темпата на економски раст во Кина и тие постепено ќе забавуваат. И може да стане јасно дека денешните проблеми на Кина се само првите симптоми за претстојниот голем крах. а