Државниот клинички центар „Мајка Тереза“ втора година по ред ќе ја плаќа електричната енергија по берзански цени. Бирото за јавни набавки ги објави потпишаните договори за набавка на струја од пазарот на електрична енергија.
Новиот тендер за набавка на струја за скопскиот клинички центар го доби ЕСМ Продажба, фирма ќерка на ЕСМ како единствен понудувач.
Универзитетските клиники за радиотерапија и онкологија, детски болести, инфективни болести, Ургентен центар, како и Клиниката за психијатрија заедно со Институтите за белодробни заболувања и туберколоза, за медицина на трудот и за радиологија, како и Заводот за слуг говор и глас на ЕСМ Продажба ќе му пллата 2,7 милиони евра за електрична енергија за една година.
ЕСМ Продажба за својата услуга ќе наплати трговска маржа од 5% од вредноста на потрошената електрична енергија или околу 113,5 илјади евра маржа, ако се реализира целосната вредност од договорот.
На претходниот тендер од 2022 година државните клиники склучија договор за набавка на струја со ЕСМ кој ги чинеше исто така 2,69 милиони евра.