Ќе се зголемуваат казните за фирмите кои не исплаќаат минимална плата

Од:

На седница на Владата наскоро ќе биде разгледувана можноста за зголемување на казните за фирмите кои не исплаќаат минимална плата, по што ќе следат одредени законски измени со кои тоа зголемување би се регулирало, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

– Го разгледавме барањето на синдикатите за зголемување на казните за сите оние кои не исплаќаат минимална плата согласно Законот за минимална плата. Имено, Синдикатот бараше значително поголеми казни. Заедно со Организацијата на работодавачи и со сите членки на Економско-социјалниот совет зазедовме став за определено зголемување на казните кое што набрзо ќе се разгледува на седница на Владата на Република Македонија и потоа ќе излеземе со конкретен став за измени на Законот за минимална плата во насока на посоодветни или, пак, построги санкции за сите оние кои не исплаќаат минимална плата во Република Македонија, рече Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со три спортски федерации.

Додаде дека и ова барање било разгледано и земено предвид како и сите други барања на синдикатот.

– Барањата на синдикатите континуирано ги разгледуваме. Синдикатот побара измени во Законот за безбедност и здравје при работа. Заедно со Организацијата на работодавачи ги разгледавме и дефиниравме соодветните измени кои ги усвои Економско-социјалниот совет, а потоа и Владата на Република Македонија и сега во моментов се во собраниска процедура измени на Законот за безбедност и здравје при работа кои се во насока на значително зајакнување на улогата на Синдикатот во грижата за безбедноста и здравјето при работа, рече министерот за труд и социјална политика.

Додаде дека тие измени ќе придонесат и за значително зголемено учество на секој синдикат при сите постапки за спроведување на безбедносните мерки за заштита на работниците.

Би можело да ве интересира

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов