Ќе се корегира забраната за акциски цени: Трговците ќе можат да ги намалат и цените кои Владата со одлука ќе ги намали

Од:

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека утре на владината седница ќе има мала корекција на одлуката за забрана на акции која ќе се однесува на производите на кои им поминува рокот.

– Мене ми беше важно граѓаните да не бидат во заблуда. Откако ќе бидат ставени одредени акции, граѓаните купуваат, одат дома и гледаат дека производот има рок од два дена, а тоа е дополнитлеен трошок на купувачот. Акции дополнителни од овие 10 проценти ќе бидат дозволени. Трговците можат да се промовираат себеси со дополнителни акции на веќе намалените производи од среда и тоа е во ред, се додека граѓаните добиваат поевтини производи. Не сакаме само граѓаните да бидат измамени во време на криза – потенцира Бектеши.

Тој претходно истакна дека секој потрошувач од среда ќе има можност во супермаркет да купува по означена цена која нема да може да се зголемува воопшто, додека утре на седница на Влада ќе бидат избрани производите односно 25 категории на производи кои ќе бидат намалени за 10% во однос на цената која ја имале на 1 август.

На листата се речиси сите прехранбени производи од пекарската, месната и млечната индустрија, а таа е преземен од Државниот завод за статистика и нивната методологија според тоа кои производи се трошат најмногу во нашата земја. Бектеши се надева дека во следната одлука на Владата ќе влезат и производителите на пијалоци и дистрибутерите на истите.

Би можело да ве интересира

Заврши новогодишната кошничка, денеска ќе се знае дали цените ќе се вратат на старо

Горан Наумовски

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево преку Стража

Горан Наумовски

СДСМ: Цените на намирниците уриваат рекорди, а Мицкоски не храни со лаги

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто