Китанов: Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба по довршувањето на сервисните патишта

Од:

Автопатот Штип – Миладиновци ќе биде пуштен во употреба откако ќе се реши проблемот со неколку сервисни патишта кои порано излегувале на регионалниот пат. Ова во рамки на денешната посета на Делчево го изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, кој посочи дека иако проектот за изградба на автопатот целосно е завршен, поради безбедносни причини и дорегулирање на сервисните патишта тој не може да биде пуштен во употреба.

-На 19 декември 2018 година ние добивме официјалнo писмо од кинеската градежна компанија Синохидро дека авотпатот Миладиновци по проект е градежно завршен и побараа да го пуштиме во употреба. И јас тврдам дека по проект навистина патот е завршен. Меѓутоа, има неколку сервисни патишта за некои населби или десетина куќи од левата и десната страна на патот кои не биле третирани со проектот и тие излегувале директно на регионалниот пат, сега со автопат тоа не е возможно. По увидот, видовме дека треба да се довршат тие сервисни патишта, бидејки и тие луѓе некако треба да комуницираат со Свети Николе или останатите населени места и затоа донесовме одлука заради безбедност, да се довршат тие сервисни патишта кои не се дел од главниот проект, туку се надвор од автопатот. Тие ќе се работат и ќе се завршат и очекувам по завршувањето на овој циклус да биде пуштен во употреба и автопатот, истакна Китанов.

Китанов се осврна и на изградбата на експресниот пат Штип – Кочани за кој истакна дека 98 проценти од експропријацијата на овој патен правец е завршена.

-Експресниот пат така да кажам го затекнавме во една статус кво ситуација во однос на експропријацијата која буквално беше само 10 отсто решена. Во моментот таа е на 99 отсто решена и таму максимално се интензивирани градежните работи. Освен експропријацијата решаваме и некои други проблеми кои се јавија како резултат на тоа што патот е проектиран врз асфалтната база на градежната компанија Синохидро. Во меѓувреме заврши и вториот тендер за изградбата на патот од Крупиште кон Кочани со што очекувам најдоцна за месец и пол да се отпочне со работа и таму. Преку рехабилитацијата на овие експресни патишта целиот овој регион ќе биде во една многу поволна инфраструктурна состојба, истакна Китанов.

Во однос на патниот правец Штип – Радовиш очекувањата на Јавното претпријатие за државни патишта се за две години и два месеци и овој патен правец да биде завршен.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска