Кирби: Белата куќа ја поздрави одлуката на ЕУ за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел

Од:

Белата куќа вечерва ја поздрави денешната одлука на Европската унија за „заедничко делување“ по прашањето за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел и додаде дека тоа ќе има ефект на ограничувањето на руските приходи.

-Ние продолжуваме да веруваме дека ограничувањето на цената ќе помогне да се ограничи способноста на Путин да профитира од нафтата, што ќе му отежне да ја финансира неговата воена машинерија која убива невини Украинци, изјави портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, пренесоа британските медиуми.

Претходно, денеска Европската унија одлучи да ја ограничи цената на 60 долари за барел, откако Полска се согласи да го деблокира договорот што беше закочен од пред четири дена.

Механизмот за ограничување на цените ќе стапи на сила в понеделник, на 5 декември.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Ова е еколошка катастрофа“: Се појави нафтена дамка во Јадранско Море

A1on

Најголем месечен пад на цената на нафтата годинава

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа