Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Од:

Никозија, 29 јануари 2021 (МИА) – За периодот јануари – ноември 2020 година, Кипар загубил 85,4 отсто од приходите од туризмот, односно 2,24 милијарди евра, во споредба со една година претходно, според податоците од Службата за статистика.

За првите 11 месеци од минатата година, приходите од туризмот се проценуваат на 382 милиони евра во споредба со 2,62 милијарди евра во за истиот период во 2019 година.

Од 15 март до 8 јуни минатата година, поради мерките преземени од кипарската Влада за справување со пандемијата беше забранет влезот во Кипар за одредени категории, меѓу кои и туристите, а на почетокот на летото беа отворени аеродромите, но под строги протоколи и повторно само со за посетители од одредени земји, кои имаа добра епидемиолошка слика.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска

Воспоставени дипломатски односи со Република Кипар

Ана Ололовска