Кипар и Египет ќе градат прв подводен гасовод

Од:

Кипар и Египет потпишаа договор за изградба на првиот гасовод и транспорт на природен гас од Кипар по дното на Средоземно Море до Египет.

– Потпишувањето претставува пресвртница, не само за Кипар, туку и за целиот источен Медитеран, изјави кипарскиот министер за енергетика Јоргос Лакотрипис за посетата на египетскиот министер за нафта Тарек ел-Мол.

Гасот од наоѓалиштата во крајбрежјето на Кипар ќе се транспортира во Египет, каде ќе се претвори во течен природен гас што ќе се извезува во Европа.

Американската фирма „Нобл енерџи“ во 2011 година откри гас во крајбрежјето на Кипар, а резервите се проценуваат на 127,4 милијарди метри кубни, но комерцијалната експлоатација се уште не е почната.

Конзорциумот, во кој, покрај „Нобл енерџи“, се наоѓаат и фирмите „Дач Шел“ и ДЕЛЕК од Израел, планира пред почетокот на операцијата повторно да преговара со кипарската Влада околу условите на договорот.

Според Лакотрипис, овој договор ќе привлече милијарди долари во изградба на инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Силен земјотрес го погоди Кипар

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа