Кинескиот производител на автомобили „Гили“ ќе произведува и сателити

Од:

Кинескиот производител на автомобили „Гили“ денеска соопшти дека почнува со масовно производство на комерцијални сателити, што на идните возила треба да им овозможат брз пренос на податоци, прецизна навигација и услуги за компјутерскиот облак (клауд).

Првите сателити веќе излегоа од фабриката во Таижоу, а се развиени од „Џиспејс“, подружница на групацијата „Гили технолоџи“, формирана во 2018 година за развој, лансирање и управување со сателити.

Фабриката ќе може да произведува 500 сателити годишно.

-Брзите промени во воздушната вселенска индустрија и интеграцијата на нови комуникациски технологии во различните сектори, како што се „сателитскиот интернет“, автономното возење и компјутерските облаци, покажуваат дека комерцијалната употреба на орбитата и просторот има иднина, изјави извршниот директор на „Гили Технолоџи“, Си Жaихао.

Кинеската компанија е сопственик на шведски„Волво“, а исто така има 9,7 проценти од акциите во германскиот производител на луксузни автомобили „Дајмлер“.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски