Кинескиот гигант „Џиангси Копер“ го презема албанскиот бакар

Од:

Преку финансиска операција реализирана во Турција, најголемиот дел од албанските резерви на бакар преминуваат во сопственост на светскиот рударски гигант, кинеската компанија „Џиенгси Копер“, јави дописникот на МИА од Тирана.

Веста за тиранската телвизија Топ чанел, ја потврди официјален извор од албанското Министерството за енергетика. Поточно, деновиве кинеската компанија купила во Турција 50 отсто од акциите на „Неско метал“, компанија која поседува 100 отсто од акциите на „Бералб“, која од албанската Влада доби концесија за најзначајните рудници на бакар во Албанија, Мунелес, Лакроши и Кармес, како и фабриката во Фуш Арез.

Бакарот се смета за втор по ред по значење метал во Албанија,  иако во последните години индустријата е погодена од падот на цената на светскиот пазар, но и домашните проблеми.

Официјалната статистика потврдува дека во последните четири години албанскиот извоз на бакар се движел од 30 до 40 милиони долари годишно, при што 87 отсто од производство отпаѓа на рудникот во Мунелес.

Преминувањето на резервите во сопственост на Кинезите ги зголемуваат надежите за заживување на индустријата на бакар во Албанија. „Џианг кси“, која е во државна сопственост е втора во светот по производство на бакар.

Лани, компанијата од „Fortune Global“ беше рангирана на 414 место од 500 најголеми компании во светот. Има годишен обрт од 28 милијарди долари или двапати поголем од националниот производ на Албанија.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД