Кина тврди дека не и понудила помош на Грција

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека нема сознанија оти официјален Пекинг и понудил каква било помош на Грција, што е спротивно на тврдењето на грчкиот заменик министер за надворешни работи Никос Хоунтис дека Кина понудила економска помош, иако Атина тоа не го барала.

Хоунтис, кој во грчката Влада е исто така задолжен и за европските прашања, изјави дека и Русија и понудила помош на Грција.

– Неодамна по изборите имаше предлози, би рекол дури и понуди, од Русија, која понуди економска поддршка, како и од Кина, која понуди помош и можни инвестиции. Ние тоа не го баравме, истакна грчкиот заменик министер.

Од друга страна, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос вчера нагласи дека доколку Грција не успее да договори нови услови за отплата на долгот со меѓународните кредитори, секогаш може да им се обрати на другите за помош, вклучувајќи ја и Кина.

Би можело да ве интересира

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Напад со нож во Кина, убиени осум лица