Кина стана прва трговска нација во светот

Од:

Кина минатата година оствари најголема вкупна вредност од извоз и увоз и на тој начин стана прва трговска нација во светот, пред САД, објави белгискиот весник „Соар“.

Вредноста на американската надворешнотрговска размена во 2012 година била 3.820 милијарди долари, додека на Кина достигнала вредност од 3.870 милијарди долари.

Во 2012 година Кина оствари трговски суфицит од околу 213 милијарди долари во однос на американскиот од 728 милијарди долари.

За голем број земји во светот Кина стана најзначаен трговски партнер, а ако тој тренд продолжи, многу европски држави до крајот на оваа деценија ќе ја преферираат Кина пред другите европски партнери.

САД својата доминантна позиција како трговска нација ја имаа уште од крајот на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина