Кина предупредува на глобална валутна криза

Од:

 Растот на нивото на јавниот долг во развиените економии ја придвижи кризата што се заканува да го урне доларот и другите големи валути, предупреди денеска кинеската бонитетна агенција „Дагонг глобал кредит рејтинг“.

Агенцијата наведува дека развиените земји предизвикуваат „валутна криза“ на тој начин што уште од финансиката криза од 2008 и 2009 година се обидуваат да ги придвижат своите економии со помош на лабавата монетарна политика, пренесоа француските медиуми.

-Светот се поактивно ќе ја бара новата глобална валута место доларот, еврото, јенот и фунтата, како замена во постојниот меѓународен валутен систем, наведува „Дагонг“.

Кинескиот јуан во извештајот на агенцијата не се споменува како алтернатива, но се наведува дека Кина заради добрите економски основи и се поголемото влијание во светот, е во добра позиција да ја игра водечката улога.

Агенцијата наведува дека напорите на Кина и другите економии со забрзан раст да ја стимулираат домашната побарувачка, значат дека тие земји ќе ја имаат главната улога во заштитата на финансискиот систем.

Децениите реформи и силен економски раст ја направија Кина втората по големина светска економија, но нејзината валута, заради строгата контрола на пазарот на капитал, не играше значајна улога надвор од границите на земјата. Тоа, меѓутоа, постепено се менува, бидејќи Пекинг ги намалува рестрикциите со цел да се зајакне меѓународната улога на јуанот.

Кина и Јапонија минатата година почнаа со директна размена на јунаот и јенот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност