Кина понуди вода и поволни кредити на државите од сливот на Меконг

Од:

Кина до 10 април ќе испушти големи количества вода од своите акумулации за да се ублажат веќе катастрофалните последици од сушата и намалувањето на нивото на реката Меконг, а на петте држави од сливот на големата река им понуди 1,5 милијарда долари поволни кредити наменети за санирање на штетите.

Одлуката ја соопшти кинескиот премиер Ли Кеџијанг, кој синоќа имаше средба со премиерите на Тајланд, Камбоџа и Лаос и замениците премиери на Виетнам и Мјанмар.

Средбата на лидерите, одржана на југот на Кина е и промоција на договорената соработка и почести средби на премиерско ниво, наречена Лансанг-Меконг Соработка.

Лансанг е кинеското име на реката Меконг, која извира на тибетанското плато, а нејзината позната делта се влева во Јужното Кинеско Море.

Потегот, кој според некои први реакции е обид на Пекинг да ги подобри односите со државите од југоисточна Азија и да ги намали тензиите предизвикани од споровите околу сувереноста над територијата на Јужното Кинеско Море.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски