Кина планира трговски раст од шест отсто

Од:

Кинеската Влада денеска изрази увереност дека може да ја исполни својата цел за трговски пораст оваа година и покрај значителниот дефицит во 2014 година.

– Кина планира да достигне зголемување од шест проценти на трговијата оваа година, изјави министерот за трговија Гао Хучан.

Минатата година увозот и извозот на земјата се зголемија за 3,4 отсто.

Министерот нагласи дека производството на стоки со поголема вредност и поттикнувањето на нови извозни модели, како електронска трговија, ќе го помогнат растот.

Тој додаде, исто така, дека Кина ќе го забрза постигнувањето на договорот за слободна трговија со Јужна Кореја и Јапонија и прогнозира дека преговорите со Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија ќе завршат успешно до крајот на годинава. 

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски