Кина ќе ја надмине економијата на ЕУ до крајот на оваа година, а на САД до 2016 година

Од:

Кина ќе ги надмине САД и во следните четири години ќе стане најголема економска сила во светот смета Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Тие велат дека економијата на Кина ќе ја престигне вкупната економија на целата еврозона до крајот на оваа година, а во 2016 година ќе ја надмине моментално најголемата економска сила САД, пишува Гардијан.

Истражувањето на ОЕЦД, исто така, покажува дека вкупниот глобален БДП ќе порасне за три проценти во период од следните педесетина години, но разликите меѓу земјите и регионите ќе бидат големи. До 2025 година вкупниот БДП на Кина и Индија ќе биде поголем од збирот на БДП на Италија, Германија, Франција, Велика Британија, САД, Јапонија и Канада.

Еден од високите економисти на ОЕЦД Аса Јохансон вели: “Во следните неколку години ќе бидеме сведоци на голема промена во рамнотежата на економска моќ.” Разлики ќе продолжат да постојат, иако жителите на најсиромашните земји да 2060 година ќе ги зголемат своите приходи за четири пати, додека приходите на оние во Кина и Индија ќе се зголемат и до седум пати.

До 2060.година велат во ОЕЦД животниот стандард на земјите во развој ќе се зголеми, но се уште ќе бидат 25 до 60 проценти под она што ќе го уживаат жителите на САД.

Глобалната нерамнотежа во економските односи, што доведе до кризата ќе продолжи да се шири се до 2030 година. кога треба да ги достигне пропорциите од пред-кризниот период 2007/08. година. Краткорочно гледано замената на поларитетот во економскиот свет може да се гледа како последиците предизвикана од финансиската криза. САД кој во периодот пред кризата имаше голем буџетски дефицит го почувствува ударот од кризата многу посилно од Кина, која речиси и немаше буџетски дефицит.

ОЕЦД предупредува дека растечката нееднаквост може да го забави севкупниот раст, но ако земјите поамбициозно се зафатат со воведување на реформи поврзани со производство и работната сила тој ризик би можел да се намали. Јохансон вели дека реформите се однесуваат на вработување и отпуштање на работници, рестрикции за започнување на бизниси како и околу започнувањето на бизниси од странство и за странските инвестиции.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија

Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

Горан Наумовски

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски