Кина и се заканува на ЕУ со трговска војна

Од:

Четири водечки кинески произведувачи на соларни ќелии и панели предупредија денеска дека можната антидампинг истрагата на Европската унија би можела да предизвика „трговска војна“ и побараа од Пекинг да остане во одбрана на нивните интереси.

„Германскиот произведувач на соларни панели „СоларВорлд“ на повеќе пати побара од Европската унија да ги испита наводите, според кои кинеските произведувачи на соларни панели ги продаваат своите производи по дампинг цени“, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите „Јингли грин енерџи“, „Сантек пауер холдингс“, „Трина солара“ и „Канедиан солар“.

Овој чекор следеше по мајската одлука на САД да воведат строги антидампинг царини на увоз на кинески соларни панели, што Пекинг го оцени како „протекционистичка мерка“.

Овие компании ја повикаа кинеската Влада да го блокира тој случај со помош на отварање на дијалог со ЕУ со цел да се спречи трговска војна.

„Кинеската фотонапонска индустрија ќе претрпи сериозен удар, доколку ЕУ тргне по стапките на САД и покрене антидампинг истрага“, се наведува во соопштението.

Повеќе од 60 проценти од кинеските соларни испораки во вредност од 35,8 милијарди долари, минатата година се извезени во ЕУ, додека Кина увезе европска соларна опрема и сурови материјали вредни 7,5 милијарди долари, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски