Кина ги мина САД како земја со најголема трговска размена во светот

Од:

 Кина ги мина САД како земјата со најголема стокова размена во светот, соопшти американската агенција Блумберг, повикувајќи се на официјални податоци од двете држави.

Американскиот извоз и увоз минатата година изнесувале вкупно 3,82 трилиони долари, соопшти минатата недела Министерството за трговија на САД.

Кинеската стокова размена во текот на 2012 година била во износ од 3,87 трилиони долари, се наведува во јануарските статистики на царинската администрација.

Зголеменото влијание на Кина во светската трговија се заканува со растурање на регионални трговски блокови, бидејќи Пекинг се претвори во најважниот трговски партнер за некои од зејите, забележува Блумберг. Можно е, на пример, германскиот извоз за Кина до крајот на оваа деценија да достигне ниво два пати поголемо од она на Франција.

Азискиот гигант во текот на минатата година регистрирал вишок во трговијата со стоки во износ од 231,1 милијарди долари. САД покажале дефицит од над 700 милијарди долари. САД, сепак, во 2012 година постигнале вишок од 195,3 милијарди долари во трговијата со услуги.

Американската економија е два пати поголема од кинеската, покажуваат податоците на Светската банка од 2011 година. Бруто домашниот производ (БДП) на САД во 2011 година изнесуваше 15 трилиони долари, а оној на Кина само 7,3 трилиони долари.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина