Кина е нова најсилна економска сила

Од:

Кина ги надмина САД и стана најголема економска сила на светот, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Фајненшел тајмс“ претходно веќе укажуваше дека ќе дојде до смена на врвот, а во април објави текст со кој најави дека смената само што не се случила.

ММФ во анализата на тоа кој сега е најголема економска сила го користеше методот на кој е додаден паритетот на куповната моќ, односото на општите индекси на цените меѓу државите.

ММФ го мери бруто домашниот производ (БДП) и во смисла на пазарна размена и во смисла на потрошувачка моќ. Врз основа на куповната моќ Кина сега ги претекнува САД и станува најголема економија на светот.

До крајот на 2014 година Кина ќе сочинува 16,48 отсто од светскиот БДП, во кој е пресметан паритетот на куповната моќ (17.632 милијарди долари), додека уделот на САД ќе биде 16,28 отсто (17.416 милијарди долари).

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски