Кавадарци наскоро со три нови винарии

Од:

Во Кавадарци се градат три нови винарии, а се очекуваат и нови инвестиции, рече синоќа претседателот на економско социјалниот совет на градот, Илија Тренчев на редовната седница на Советот.

– Кавадарци е еден од најразвиените градови и позната бизнис дестинација во Македонија. Токму затоа во општината ни е потребна што поефикасна администрација која ќе ги следи новите инвестиции. Исто така, многу е важно да имаме ист третман како локална самоуправа, како кон големите така и кон малите претпријатија. Оти малите претпријатија се впрочем генераторот кој го придвижуваат стопанството, истакна Тренчев во изјава за медиумите.

Тој рече дека конкуренцијата која се создава во лозаровинарскиот бизнис со градењето на нови винарници ќе го реши проблемот со откупот на грозјето кој беше присутен во минатите години.

Би можело да ве интересира

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка