Като институт: Македонија е 12-та по индексот на мизерија

Од:

„Македонија осамна и меѓу првите земји во светот по мизерен живот. Според светскиот Като институт, Македонија е 12 по индексот на мизерија.

Главен фактор за ваквата мизерна ситуација во којашто се наоѓа нашата земја, како што се наведува е невработеноста!

Makedonija 12 po mizerija

Оваа состојба ја става Македонија во група со Судан, Јужна Африка, Јамајка, Сирија, Украина, Венецуела. Подобро од граѓаните на Македонија живеат дури и граѓаните на Киргистан. Од регионот блиски по мизерија сме само со Србија. Дури 9 места над Македонија е Босна и Херцеговина, 19 места над Македонија е Хрватска. Албанија е подобра за 29 места од Македонија, а Бугарија дури 40 места.

Ако има намалување на невработеноста во земјава, ако има реални инвестиции, ако не лажат Груевски, Ставрески, Пешевски колку добро ни оди во економскиот напредок, нека излезат премиерот и неговите најблиски соработници и нека објаснат:

Како од 108 земји во светот, нашата земја се најде во првите 12 држави по мизерија“, прашуваат СДСМ.

Би можело да ве интересира

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти