„Македонија осамна и меѓу првите земји во светот по мизерен живот. Според светскиот Като институт, Македонија е 12 по индексот на мизерија.
Главен фактор за ваквата мизерна ситуација во којашто се наоѓа нашата земја, како што се наведува е невработеноста!
Оваа состојба ја става Македонија во група со Судан, Јужна Африка, Јамајка, Сирија, Украина, Венецуела. Подобро од граѓаните на Македонија живеат дури и граѓаните на Киргистан. Од регионот блиски по мизерија сме само со Србија. Дури 9 места над Македонија е Босна и Херцеговина, 19 места над Македонија е Хрватска. Албанија е подобра за 29 места од Македонија, а Бугарија дури 40 места.
Ако има намалување на невработеноста во земјава, ако има реални инвестиции, ако не лажат Груевски, Ставрески, Пешевски колку добро ни оди во економскиот напредок, нека излезат премиерот и неговите најблиски соработници и нека објаснат:
Како од 108 земји во светот, нашата земја се најде во првите 12 држави по мизерија“, прашуваат СДСМ.