„Катимерини“: САД притискаат за грчко-бугарскиот гасовод

Од:

Новото одложување на проектот за гасоводот Интерконектор Грција-Бугарија (ИГБ) предизвика мобилизација на американската дипломатија, а во Атина пристигна и специјален претставник, пишува „Катимерини“.

ИГБ е планирано да обезбеди алтернатива на рускиот природен гас на пазарот во Бугарија преку поврзување со Трансјадранскиот гасовод (ТАП), кој ќе пренесува азербејџански гас, со можност за дополнителни цевководи до Романија и Унгарија, а можеби дури и до балтичките земји на север, потсетува весникот.

Вашингтон го испрати својот специјален претставник и координатор за меѓународни енергетски прашања, Амос Хоштајн во Атина, каде денеска ќе се сретне со грчкиот министер за енергија, Панос Скурлетис, а потоа ќе има и тристрана средба со бугарскиот министер за енергија Теменушка Петкова.

Посетата на Хоштајн се смета за подготвителна пред официјалната посета на американскиот државен секретар Џон Кери на Атина во ноември.

„Гасоводот ИГБ е високо на агендата на енергетската дипломатија на САД поради потенцијалната независност што ја нуди на земјите од Југоисточна Европа од рускиот гас на компанијата Гаспром“, пишува „Катимерини“ и додава дека проектот е меѓу приоритетите и на Европската унија и за негово финансирање се одвоени 45 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Бугарија