Катастарот обезбеди средства за реализација на неколку стратешки проекти

Од:

Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги реализира проектите за воспоставување Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), Регистар на цени и закупнини (масовна проценка) и Графички регистар на улици и куќни броеви со средства обезбедени преку Шведската агенција за меѓународен развој – Svedish International Development Agency.

За таа цел директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и директорите на агенциите за катастар од земјите од Западен Балкан со Шведската агенција за меѓународен развој потпишаа договор за грант во висина од 4,2 милиони евра.

Договорот, како што соопшти денеска Агенцијата за катастар бил потпишан во Тирана – Албанија, во рамки на шестата регионална конференција за катастар и земјишна администрација.

Средствата се наменети за шесте држави од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија, Косово и Албанија. Засега не е прецизирано која држава колку средства треба да добие, а тоа ќе зависи од подготвеноста на катастрите со проекти.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите