Катарците заинтересирани за соработка во македонски компании

Од:

Македонската бизнис делегација од Сојузот на стопански комори, која во Доха учествува на 8. Светски коморски конгрес, оствари средби со дистрибутерски и логистички компании, супермаркети и посреднички компании од Катар за извоз на македонските производи во арапскиот свет.

Катарските стопанственици пројавиле интерес за соработка со македонски компании особено во делот на кондиторската индустрија и градежништвото.

– Катарските бизнисмени покажаа интерес за соработка со производствените компании од Македонија, во делот на кондиторската индустрија, агро производството особено ран зеленчук, како и вложувања во заокружено производство на јагнешко месо. Покрај тоа заинтересирани се за соработка со компании од градежната индустрија, како подизведувачи во ниско градба-патна инфраструктура и квалификувана работна сила, изјави претседателот на ССК, Златко Калеников.

ССК најави дека во следните денови ќе потпише меморандуми за соработка со стопанските комори на Јордан, Дубаи, Уганда и други.

Покрај делегацијата од ССК, на саемот во Доха учествуваат и претставници од Агенцијата за странски инвестиции и од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводени од директорот Виктор Мизо.

На саемот во Доха, кој трае до четврток, учествуваат 1.500 претставници од 105 држави во светот.

Катар е држава во која главни економски двигатели се гасот и нафтата. Во моментот е во градежна експанзија меѓу другото и поради претстојното Светско фудбалско првенство чиј домаќин ќе биде во 2020 година. Земјите од цел свет инвестираат и дистрибуираат производи преку Катар во сите арапски земји.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност