Катар забрани продажба на стоки од Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин

Од:

Властите на Катар им наредија на продавниците во земјата од своите рафтови да ги повлечат сите стоки прозведени во Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин.

Станува збор за четирите арапски земји, кои на 5 јуни минатата година ги прекинаа дипломатските односи со Катар и воведоа санкции кон земјата, обвинувајќи ја за поддршка на тероризмот и на исламскиот екстремизам.

Наредбата е објавена само неколку дена пред годишнината од ланските мерки на четирите земји.

Катарското Министерство за економија соопши дека во следните денови негови инспектори ќе започнат со контроли по продавниците, за да проверат дали се почитува наредбата.

Би можело да ве интересира

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

Катар ни донираше осум тони заштитна опрема за борбата со Ковид-19

А1он

Прв случај на коронавирус во Катар

„Етихад Ервејс“ со загуба од 1,28 милијарди долари во 2018 година

Ана Ололовска

Катар планира да инвестира околу 45 милиони долари во САД

Наум Локоски

Катар се повлекува од ОПЕК

Наум Локоски