Клиника Жан Митрев во текот на октомври овозможува кардиолошки прегледи по промотивни цени, со цел да ја поттикне превентивната грижа за кардиоваскуларното здравје. Пакетите се достапни до 31 октомври и опфаќаат различни можности за проверка на здравјето на срцето.
Во понудата се вклучени пакети за основна кардиолошка проверка, како и за дополнителна проценка на срцевиот ритам, крвниот притисок и кардиоваскуларниот систем. Различните пакети овозможуваат прегледите да се изберат во согласност со индивидуалните потреби на пациентите.
Со оваа иницијатива, Клиника Жан Митрев ја нагласува важноста на редовните прегледи и навременото препознавање на симптомите, како дел од континуираната грижа за срцето. Промотивната понуда е дополнителен поттик пациентите да посветат внимание на своето кардиоваскуларно здравје и да го направат прегледот што го одложувале.
