Каква врска има Фауст со кризата во Европа?

Од:

Дали Фауст на Гете има некаква врска со Европската централна банка? Има, и тоа како, сметаат учесниците на јавната дебата во Германија на која разговараа за проблемите со кризата во еврозоната.

Според нивните зборови, Гете со свјот „Фауст 2“ удрил во срцето на проблемот на монетарната политика.

Време е за карневал. Царот многу би сакал да слави, но нема пари. Во овој момент, се чини дека ликот на ѓаволот Мефистофелис го советува да печати пари.

Царот се согласува. Сите се среќни поради парите. Земјата се ослободува од своите долгови. Луѓето почнуваат да трошат „на големо“.

Иако се уште не е возможно да се погоди точно како ќе заврши кризата во еврозоната, сепак, експериментот на Фауст заврши трагично.

Јенс Вајдман тоа вака го објасни употребувајќи го „економскиот речник“: „Во понатамошниот развој, ваквото весело „славење“ во бизнисот ќе доведе до инфлацијата , а финансиите поради брзата девалвација на парите ќе станат безвредни“.

Значи Јохан Волфганг фон Гете во своето дело „Фауст 2“, ги видел хартиените пари и владините финансии и не можел дури ни да претпостави дека таа тема денес, 180 години по објавувањето на неговата книга, е повеќе од актуелна.

Развојот на должничката криза и Фауст имаат повеќе паралели. Се чини дека Европската централна банка ја следи тактиката на царот, кога најавува помош за земјите во криза.

Германските економисти ги нападнаа овие планови, а меѓу нив најгласен е токму Јенс Вајдман, претседателот на Централната банка (Бундесбанк). Тој потсети на пораката од „Фауст“ и повеќе од јасно е кому му ја упати.

„Учесниците се пресреќни заради наводната добротворна акција, а немаат поим дека се им излегува од раце“.

Секогаш во историјата на „банкнотите“ искушението да се печатат нови, резултирало со девалвација.

„Мрзливата“ монетарна политика носи големи ризици. Така на пример ниската каматна стапка, политика воведена од страна на американската централна банка доведе до создавање на различни финансиски „меури од сапуница“, а економистите веруваат дека токму нивното пукање ја предизвика финансиската и економската криза.

Би можело да ве интересира

Русија би можела да остане без банани

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

Норвешка со 205 милиони евра ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за зимата

А1он

Илон Маск: Правете повеќе бебиња за да ја одржиме цивилизацијата

А1он

Светската криза со храна ќе се влошува, луѓето плаќаат повеќе за основните потреби насекаде

А1он