Како Венецуела од најбогата економија во Јужна Америка дојде на раб на пропаст?

Од:

Индекс – Загреб

Венецуела беше една од најбогатите земји на Латинска Америка, а денес личи на земја погодена од војна. Минатата година стопанството ослабе за 10 отсто, а БДП за 19 проценти, со најголема инфлација на светот, од 700 отсто.

Земјата има богати резерви на нафта, но и недостига храна, на улиците цвета црниот пазар и насилствата, а во политиката диктатурата”.

Двопартискиот систем е подготвен за крај

Демократијата е воведена во 1958 година и тогаш е основан трипартиски систем, кој подоцна премина во двопартиски. Партиите се договорија дека ќе го делат богатството и моќта, а тоа доведе до корупција.

По стопанските шокови во 80-те години на минатиот век и пучот кој во 1992 година го изведоа лево ориентираните припадници на војската, во 1998 година на власт дојде нивниот лидер потполковникот Уго Чавез, кој со своите популистички пораки стекна наклоност од народот.

Војна на популизмот со државата

Чавез на двопартискиот систем гледаше како на закана. Некои негови потези беа популарни, како судските реформи кои ја намалија корупцијата.

Популистите себе се гледаат како бранители на народот и противници на институциите, што доведува до нивни судири со институциите. Сите кои беа против неговите реформи, Чавез ги прогласи за непријатели на народот.

Земјата под него се подели на негови поддржувачи и противници.

Пучот создава судир кој ја надминува идеологијата

За време на стопанскиот пад во 2002 година изведен е нов пуч кој привремено го симна Чавез, но неговите следбеници го вратија на позицијата. Но, од тогаш јакне поларизацијата во политиката и кај народот. Следбеници на Чавез на секое спротивставување гледаа како на смртна опасност.

Потоа дојде ред на штрајкот на работниците во државната компанија „Петролеос де Венецуела“ (ПДВСА), кој се закануваше да ги урне стопанството и власта на Чавез. Откако штрајкот не успеа, Чавез отпушти 18.000 работници во ПДВСА и таму вработи 100.000 свои следбеници.

Така приходот од таа фирма одеше во неговите програми, а тој создаде нова корумпирана елита, наспроти тоа што основата на неговата политика беше наводно борба против таквите елити.

ПДВСА пропадна, а со себе го повлече и стопанството на Венецуела. Чавез не ја доведе Венецуела само во стопанска, туку и во политичка криза, бидејќи исчезнаа парите од производството на нафта.

Бидејќи улиците беа полни со демонстранти, тој ангажираше вооружени групи „колективос“ да ги растераат и тоа така што во нив се забиваа со кинески мотоцикли, често со смртни последици.

Нивната моќ растеше, а во 2005 година ја исфрлија полицијата од регионот на Каракас. Владата јавно не го одобри нејзиното насилство, но ги фалеше, а наскоро се поврзаа и со криминалот, што понатаму го прошири беззаконието и стапката на убиствата во Венецуела.

Наследникот Мадуро

Чавез по неговата смрт во 2013 година го наследи Николас Мадуро, кој поради неможноста на плаќање на сите државни трошоци дополнително печатеше пари, што доведе до уште поголема инфлација, недостиг на храна, затварање на работни места и намален увоз.

Се зголемија немирите и се зголеми уличното насилство, зајакна црниот пазар, а припадниците на „колективос“ во некои подрачја презедоа целосна контрола над заедниците.

Денес во Венецуела владее многу нестабилен хибриден систем на демократија и автократија, кој е премногу авторитарен за да постои во демократските институции, а воедно е и премногу слаб за да ги укине. Со таквиот начин на раководење Венецуела е доведена на раб на пропаст.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски