Како се делеле, дали има злоупотреби, какви се ефектите, ова е тема на првата од серијата надзорни расправи, иницирани од опозицијата.
78 сведоци, меѓу нив и вицепремиери, сегашни и поранешни министри, земјоделци, директори, професори, ќе одговараат на сомневањата на опозицијата дека добар дел од буџетските средства не доаѓаат до вистинските производители. Власта ќе тврди дека правилно се насочени и распределени овие средства.
Она што се согласуваат сите, барем декларативно е дека субвенциите не треба да се третираат како партиска награда или казна.