Како Ирска стана богата земја?

Од:

Република Ирска втора година по ред е економија со најбрз разт во Европската унија и сега е меѓу 10-те најбогати земји на светот. Како?

Ворлд прес – Загреб

Република Ирска втора година по ред е економија со најбрз раст во Европската унија и сега е меѓу 10-те најбогати земји на светот, гледано според БДП по жител, а ако БДП го усогласиме за куповната моќ, тогаш е втора најбогата земја во ЕУ (зад Луксембург) и неодамна ги надмина Германија, Австрија, Данска, Шведска и Холандија.

Сепак, не така одамна, до средина на 80-те години од минатиот век, животниот стандард во Република Ирска не беше многу повисок од стандардот во Хрватска (а секако, беше многу понизок во однос на тогашните водечки европски економии како Обединетото Кралство, Западна Германија или Франција). А денес нивните просечни нето плати се околу три пати поголеми во однос на хрватските, поради што и последната година илјадници Хрвати побараа свое место под сонцето токму во оваа земја.

Од земја на масовна емиграција Република Ирска стана една од најинтересните дестинации за имигранти од целиот свет.

Која е причината за таквиот развој на состојбата, всушност е многу едноставно да се објасни. Иако југокомунистичкиот ѕвер конечно почина, на најлош можен начин, Хрватска до ден денес остана многу склона кон социјалистичките принципи на државно управување со економијата, додека „Келтскиот Тигар‟ тој прекар го стекна благодарение на про-пазарните реформи, па така денес Ирска е една од најслободните економии во Европа и светот.

Од средината на 80-те многу државни фирми беа приватизирани, јавниот сектор значително е намален (уделот на државната потрошувачка во БДП е редуциран од 53 отсто на околу 32 отсто), даноците на приходот на фирмите и регулациите на работата се намалени и останаа на релативно ниско ниво, пазарот е либерализиран, највисоките маргинални стапки на данокот на доход се намалувани, а сето тоа привлече голем број на странски компании и ги охрабри домашните инвеститори во покренување на бизнис, а што натаму доведе до импресивни стапки на стопанскиот раст, намалување на невработеноста и зголемување на реалните плати на работниците.

Просечната стапка на стопанскиот раст од 1995 до 2000 година изнесувала околу 10 отсто, речиси цел период од средина на 80-те до 2007 година, годишните стапки на растот на БДП беа над пет отсто, невработеноста во исто време падна од 20 отсто на под пет отсто (иако уделот на вработените во јавните фирми опадна за две третини), а јавниот долг беше значително намален.

Јавниот сектор во Ирска за стандардите на ЕУ е релативно мал, посебно кога ќе се земе предвид стапката на стопанскиот развој. На пример, во Ирска државната потрошувачка изнесува под 40 отсто од БДП, што е многу помалку во однос на Хрватска каде БДП по жител е неколку пати понизок, а пониско ниво на државната потрошувачка од Ирска имаат само трите балтички земји и Романија, кои се значително посиромашни. Исто така, даночното оптоварување во Ирска во однос на БДП е релативно ниско, со оглед на стандардите на ЕУ.

Секако дека економското уредување во Ирска не е ниту блиску до идеалното, се уште е многу далеку од слободен пазар (на пример многу висок ДДВ, глупави закони за минималната плата…), но од аспект на економските либерали дефинитивно се меѓу најмалку лошите од сите членки на ЕУ, што навистина не е некој посебно голем успех, но може да послужи како еден пример за споредба.

Релативниот развој на Ирска сигурно не би бил толку изразен ако многу други западноевропски земји во последните неколку децении не се оддалечеа од начелото за пазарно стопанство во насока на се поголема етатизација и централно планирање.

Во текот на 60-те и 70-те години, даноците во западна Европа беа пониски, а многу западноевропски економии имаа помалку од 35 отсто државна потрошувачка во БДП, што денес нема ниту една членка на ЕУ, додека многу имаат над 50 отсто.

Најголем дел од тоа зголемување на нивото на државната потрошувачка се однесува на ширењето на деструктивните политики на држава на благосостјба

За среќа, ирските власти сепак од тогаш спроведоа некои конкретни резови во државната потрошувачка (намалување од 66 отсто од БДП во 2010 година на околу 39 отсто лани), иако рецесијата тешко ги погоди, но не доживеаја никакво апокалиптично сценарио (за кое зборуваат шашавите хрватски синдикалисти, дека ќе не погоди ако дојде до намалување на буџетските трошоци), туку сосема спротивното – раст по годишна стапка од 8 отсто и речиси се најбогата европска нација.

Значи, работите се тривијално едноставни.

Земјите кои имаат повеќе капитализам и помалку интервенционизам на пазарот поминуваат подобро во однос на тие во кои се водат од социјалистички фантазии. Тоа е толку јасно и очигледно, како од теоретска, така и од емпириска страна, што е многу срамно кај нас што се уште воопшто се водат такви расправи. Но, не смее да се потцени ни влијанието на системските индоктринации, површното резонирање и подводливоста на масата по евтини левичарски флоскули.

За одржлив стопански раст и развој на долг рок клучно е прифаќањето на пропазарните реформи, намалување на даноците и другите трошоци, укинување на регулаторните пречки во работењето, слободна надворешна трговија, минимизирање на бирократијата, итн. На краток рок е важна монетарната стабилност, но повремените епизоди на нерамнотежа на пазарот на пари кои знаат да зададат болни удари на реалната економија повторно се последица на државниот монопол во производството на пари, па поради тоа пожелно е нивно укинување.

Според тоа, со зададените демографски, географски, културни и слични фактори, просперитетот на населението во некоја земја ќе зависи директно од способноста на тоа исто население да се справи со ширењето и афирмацијата на социјалистичките идеи.

Аргентина порано беше меѓу најбогатите земји на светот (денес таму има околу милион жители со ирско потекло), како и Венецуела, која има најголеми нафтени резерви на планетата, но стопанствата на тие земји сега се распаѓаат по разните социјалистички експерименти.

Ирците, се чини, се уште релативно солидно се справуваат со посериозен продор на социјалистичкиот вирус во својот двор, меѓутоа, гледаме дека на многумина не им оди.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден