Како да го промените снабдувачот на електрична енергија за Вашата компанија и да заштедите до 40 % на сметката?

Од:

Во услови на зголемени оперативни трошоци и неизвесност на енергетските пазари, сè повеќе компании бараат начини како да ја оптимизираат потрошувачката на електрична енергија – без да го нарушат секојдневното работење. Една од опциите што добива сè поголемо внимание е промената на снабдувачот со електрична енергија – чекор што може да донесе значителни заштеди без да влијае врз секојдневното работење.

Она што многу компании не го знаат е дека оваа постапка е значително поедноставна отколку што се претпоставува. Промената на снабдувачот не подразбира технички интервенции, замена на броила или приклучоци, ниту пак административни или кадровски прилагодувања. Дистрибутивниот оператор продолжува да ја мери потрошувачката на ист начин, во исто време, секој месец – додека за компанијата, во суштина, сè останува исто, освен трошоците.

 

Токму ваков модел на снабдување нуди ЕДС, компанија која на домашниот пазар се почесто е избор за снабдувач за електрична енергија за бизнис секторот. Преку оптимизирано управување со потрошувачката, компаниите кои се снабдуваат од ЕДС можат да остварат заштеди дури до 40 проценти.

Во таа насока, ЕДС нуди можност за бесплатна и необврзувачка анализа на потрошувачката, преку која компаниите можат јасно да добијат увид во потенцијалната заштеда. Анализата се изработува врз основа на релевантни податоци, по што компанијата самостојно носи информирана одлука за понатамошните чекори.

Предноста на ЕДС се темели на обемот на работење – како снабдувач со големо портфолио, ЕДС секојдневно набавува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален и стабилен енергетски биланс. Дополнително, компанијата располага со развиена корпоративна инфраструктура за транспорт на електрична енергија низ Централна и Југоисточна Европа, што придонесува за поефикасен и поекономичен пренос.

За многу компании, промената на снабдувачот со електрична енергија и изборот на партнер како ЕДС претставува еден од наједноставните чекори кон поефикасно управување со трошоците – без ризик, без прекин во работењето и со јасна слика за потенцијалните придобивки.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час

ЕДС со нова понуда на пазарот: 24 месеци фиксна цена на струја + подарок инвертер клима

Стабилност во време на нестабилност: ЕДС нуди две години фиксна цена на струја плус подарок клима

До 40% пониски сметки и вреден подарок: ЕДС со понуда што носи реална заштеда за бизнисите

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 03 април 2026 изнесува 108,30 евра за мегават час, на МЕМО 116,17 евра за мегават час

А1он

Фиксни цени, зелена енергија и стабилност: Како ЕДС ги поддржува бизнисите на нестабилен пазар

А1он