Кај Тепелена ќе се гради првиот енергетски парк на ветерници во Албанија

Од:

Албанската Влада даде зелено светло за изградба на првиот енегетски парк на ветерници, кој ќе биде изграден во близина на јужниот град Тепелена.

Станува збор за инвестиција вредна околу 13 милиони евра, на приватна албанска компанија, која пред околу пет години почнала со подготовка на физибилити студија, а која доби и авторизација за поврзување во мрежата на секторот за пренос. Компанијата добила и право на сопственост над земјштето каде ќе ги гради ветернците.

Паркот ќе има шест кули со висина од 80 до 92 метри, дијаметар 100 метри и со инсталирана моќност од 12 мегавати. Инвестицијата треба да заврши во рок од седум месеци од добивањето на дозволата за градба.

Министертството за енергетика и компанијата инвститор во рок од еден месец треба да потпишат договор за реализација на ивестицијата.

Авторизацијата за еолитскиот парк е 25 години, а компанијата е обврзана два отсто од произведената електрична енергија да и ја даде на државата.

Доколку се реализира, ова ќе биде прв случај на производство на обновлива енергија од ветер во Албанија.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски