Каевски: Просечната плата во јуни 31.869 денари, раст од 10,9 отсто, следува раст на платите во сите сектори

Од:

Според последните податоци на државниот завод за статистика процечната плата за јуни годинава изнесува 31.869 денари. Јунската нето плата е зголемена 10,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година рече на прес конфренција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Во изминатите 4,5 години двојно ја зголемивме минималната плата, просечната плата се зголеми за околу една третина, на над 500 евра . Платите растат и ќе продолжат да растат во сите сектори. Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита. Платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто. Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари. Пензиите во последните четири и пол години се зголемени за над 2.000 денари, а од септември, благодарение на новата методологија, следува ново историско покачување на пензиите. Во рамките на нашите заложби за заштита на стандардот на граѓаните, секој пензионер со мартовската, априлската и мајската пезнија доби по 1.000 денари помош рече Каевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

Просечната плата во декември 43.587 денари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите