Каде е ефектот од откажувањето на 11 милијардери од богатството?

Од:

Милјардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет убедија уште 11 други како нив да се откажат од половина од своето богатство, со што вкупниот број на богати семејства кои се приклучија на кампањата „Завет за обезбедување“ се искачи на 92.

Кампањата што започна пред две години, има за цел да ги убеди најбогатите да донираат големи суми пари во добротворни цели и да размислат за понатамошното насочување на овие средства.

Ефектот на оваа стратегија, сепак, се уште не може да се види јасно, но Гејтс верува дека соработката со „донаторите“ има за цел да го зголеми и докаже влијанието на инвестираните пари. Други, пак, не се толку сигурни.

„Многу е убаво што филантропските проекти се зголемуваат, но еве веќе две години поминаа од овој. Кои се 10 – те и 20 -те резултати од овој проект?“, запраша Марк Бениоф. основач на сајтот „Salesforce.com“.

Бениоф донираше 100 милијарди за детски болници, но тој не е потписник во проектот на Гејтс.

Богатиот германски сопственик на бродови, Питер Крамер е исто така еден од оние кои одбија да го потпишат. Тој верува дека богатството треба да се оданочи со поголем процент, така што јавноста може да одлучи за трошењето на тие пари. .

Се проценува дека добротворните средства во САД минатата година се зголемиле за 4 %, на вкупно 298 милијарди долари. „Завет за обезбедување“, не води евиденција за своите донации.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Американските милијардери загубија 93 милијарди долари

Најбогатите луѓе на светот осиромашени за 50 милијарди долари

Ана Ололовска

Во светот веќе има над 20 милиони милионери

Ана Ололовска

Пекинг му го одзеде приматот на Њујорк според бројот на милијардери

Ана Ололовска

Џеф Безос четврта година по ред е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска