Јункер: „Не“ од Грците ќе значи ослабена позиција на Атина, а „Да“ – тешки преговори

Од:

Гласањето со „не“ на референдумот во Грција в недела ќе ги ослабе позициите на Атина драматично, а ако се гласа „да“ тоа ќе значи – тешки преговори. Тоа го изјави на прес конференција во Луксембург претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Тој ги ограничи коментарите за темата со таа единствена изјава.

Премиерот на Луксембург Ксавие Бетел нагласи дека гласањето со „да“ ќе доведе до „тешки преговори“, а гласањето „не“ ќе значи уште потешки преговори со Атина.

– Разговарав со грчкиот премиер Алексис Ципрас и му реков дека сакам луксембуршкото претседавање со ЕУ да се заснова на доверба, изјави Бетел.

– Мислам дека на луѓето треба да им биде целосно јасно за што или против што гласаат. Референдумот е и за иднината на ЕУ, еврозоната и Европа. Референдумот ќе донесе последици бидејќи треба да ги прифатиме резултатите од него, коментираше Бетел.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент