Јунајтед Груп ја презеде најголемата бугарска медиумска групација Нова

Од:

Телекомуникацискиот и медиумски оператор Јунајтед Груп соопшти денеска дека завршил со купувањето на најголемата бугарска медиумска компанија Нова Бродкастинг Груп.

Во бугарската група се наоѓаат телевизијата со национална фреквенција Нова ТВ, десет телевизиски канали, најголемата онлајн платформа Нет Инфо, која просечно секој месец ја посетуваат дури 80 отсто од населението во Бугарија, и четири радио станици.

Генералната директорка на Јунајтед Груп, Викторија Боклаг изјави дека „Бугарија е атрактивен пазар за нас и Нова како дел од Групата ќе продолжи да ја јакне својата позиција“.

– Силната поврзаност на Нова и другите наши медиумски компании ни дава можност да создадеме синергетски ефект и да продолжиме со инвестирање во локалната содржина, нагласи Боклаг.

Работењето на Нова Бродкастинг Груп во рамки на Јунајтед Груп ќе го надгледува Дирк Геркенс, поранешен директор на РТЛ со повеќе од 25-годишно искуство во медиумите.

Купувањето на Нова Бродкастинг Груп е дел од стратегијата на Јунајтед Груп да поседува и телекомуникациски и медиумски компании на пазарите на кои работи, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

4iG заинтересирана за влез и во Грција

Маријана Агиќ-Молнар е новиот регионален извршен директор на Direct Media United Solutions

Јунајтед Груп силно ги отфрла неоснованите наводи во врска со нејзиниот бизнис во Северна Македонија

Јунајтед Груп ја назначи Александра Делвенакиотис за Потпретседател на Групацијата за корпоративни работи

Јунајтед Груп ја заврши продажбата на инфраструктурата за мобилни кули на TAWAL

UGI Wholesale стана водечки играч на регионалниот телекомуникациски пазар