Маријана Агиќ-Молнар е новиот регионален извршен директор на Direct Media United Solutions

Од:

Маријана Агиќ-Молнар е новиот регионален директор на Direct Media United Solutions.

Од почетокот на кариерата, Маријана е активна во маркетинг индустријата повеќе од 25 години. Таа е стратег за маркетинг и data science и експерт за креирање на нови деловни решенија користејќи достапни податоци.

Маријана ја започна својата кариера како истражувач на пазарот во тогаш водечката компанија за маркетинг истражување “Mark-Plan“, а продолжи во компанијата Coca-Cola како стратешки менаџер за pre-search, истражување и трендови. Таа го основа својот прв стартап (Focus MR) во 2000 година, кој се занимаваше со маркетинг истражување. Две години подоцна, Focus MR го презема една од водечките светски компании за истражување на пазарот – GfK, а Маријана станува генерален менаџер на земјите од Адриа регионот, а потоа и член на одборот на директори за управување со посебни истражувања во Централна и Источна Европа. Таа беше одговорна за развој на напредни аналитички проекти и нови извори на податоци на ниво на Централна и Источна Европа.

Во 2019 година доаѓа на позиција извршен директор и стратег за податоци во својот втор старт-ап “DATA DO”, компанија која развива интригантен модел – комбинира Data Science со разбирање на пазарот и потребите на потрошувачите за да им помогне на компаниите да откријат нови можности и да го зголемат приходот. На полето на data-driven стратешки консалтинг има соработувано со многу меѓународни и регионални компании како што се: Ahold Delhaize, The Coca-Cola Company, Erste, Nelt, Molson Coors, Carlsberg, Atlantic Brands, Lidl, KFC, Phoenix Pharma… Маријана Агиќ-Молнар е Магистер по економија и член на одборот на директори на IAA, еден од основачите на AcademIAA – модул за маркетинг истражување и аналитика.

„Многу сме задоволни што Маријана Агиќ-Молнар ќе биде на чело на водечкиот агенциски систем во Југоисточна Европа, Direct Media United Solutions. Direct Media е моќен систем и затоа избравме компетентен и искусен професионалец да раководи со него. Пазарот за рекламирање полека се трансформира и употребата на податоци при носење маркетиншки одлуки ќе донесе голема промена на пазарот. Затоа Маријана е вистинскиот избор. Со нејзиното доаѓање, мрежата на професионалци во Direct Media United Solutions добива додадена вредност, уште една гранка на бизнисот и со тоа станува уште посилна“, изјави Дирк Геркенс, директор за програми, продукција и рекламирање во United Media.

„Среќна сум што сум на чело на тимот на Direct Media, мрежа на професионалци кон кои имам голема почит, а некои од нив ги познавам долги години. Заедно, ќе ја зајакнеме водечката позиција на адвертајзинг пазарот во Србија и регионот, ќе го зачуваме и негуваме она што ја прави оваа компанија толку успешна. Исто така, ќе развиеме нови деловни модели и ќе најдеме нови можности за користење на податоците и нивна монетизација. Целта е, користејќи податоци, да го трансформираме начинот на кој обезбедуваме услуги и да им помогнеме на партнерите да бидат подобри и поуспешни “, изјави Маријана Агиќ-Молнар.

Direct Media е водечки агенциски систем во Југоисточна Европа, мрежа на професионалци во повеќе земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Албанија. Во нашиот единствен пристап кон маркетингот и комуникациите, го комбинираме најдоброто од медиумите, креативноста, технологијата и податоците. Сите тие заедно се движечката сила за растот на нашиот бренд, чии темели се во медиа закупот и адвертајзингот.

За United Media

United Media е дел од United Group и е водечка медиумска компанија во Југоисточна Европа. Присутна е во осум земји и има 4.200 вработени, а годишно произведува повеќе од 40.000 часа оригинална содржина која преку водечките меѓународни оператори се дистрибуира на пазар од повеќе од 40 милиони луѓе. Покрај тоа, во своето портфолио има 55 телевизиски станици, од кои седум имаат национална лиценца и успешно дигитално портфолио од 30 веб портали, како и шест печатени изданија и пет радио станици. Компанијата нуди и уникатни адвертајзинг услуги преки продажба на рекламни слотови и прецизно таргетирање според целната група за избраните канали.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Јунајтед Груп силно ги отфрла неоснованите наводи во врска со нејзиниот бизнис во Северна Македонија

Јунајтед Груп ја назначи Александра Делвенакиотис за Потпретседател на Групацијата за корпоративни работи

Јунајтед Груп ја заврши продажбата на инфраструктурата за мобилни кули на TAWAL

UGI Wholesale стана водечки играч на регионалниот телекомуникациски пазар

Светските рејтинг агенции S&P Global и Moody’s го подобрија рејтингот на Јунајтед Груп

Јунајтед Груп се приклучува на Глобалниот договор на Обединетите нации