ЈП МЖ Инфраструктура со осуда за штрајкот во МЖ Транспорт

Од:

Јавното претпријатие Македонски Железници – Инфраструктура денеска преку соопштение го осуди штрајкот на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт.

– Во цела оваа ситуација МЖ-Инфраструктура и МЖ Транспорт се заложници на една група работници – машиновозачи, бидејќи не постои друг оператор кој врши превоз на патници и стока, и поради тоа и двете компании, а посебно ЈП МЖ-Инфраструктура трпи огромни дневни загуби, бидејќи компаниите нивниот транспорт го пренасочуваат кон трети земји, односно превозот на нивните производи го вршат на друг начин, се вели во соопштението.

ЈП МЖ Инфраструктура од новата Влада бара да се вратат законските можности со кои беше дозволеа либерализација на пазарот на железнички услуги. Од МЖ Инфраструктура смеатат дека проблемите во железничкиот систем настанале со измените на Законот за железнички систем во ноември 2011 година, со кој, стои во соопштението, спротивно на ЕУ директивите 2001/14 и 2012/34 се забрани либерализација на пазарот.

– Оваа новонастаната ситуација и овозможи на МЖ Транспорт позиција на монопол. Со тоа на одредена група работници – моторовозачи им даде можност да го држат во заложништво целиот железнички систем. Како резултат на оваа погрешна политика искористеноста на капацитетот на железничката инфраструктура не е повеќе од пет до седум проценти, иако ЈП Македонски Железници Инфраструктура е подготвена во целост да ги задоволи потребите на многу повеќе оператори. Измените на овој Закон придонесоа загубите на двете компании да се зголемат, а посебно на ЈП МЖ Инфраструктура, стои во соопштението.

ЈП Македонски Железници Инфраструктура наведува и дека со либерализацијата на пазарот во железничкиот сообраќај ќе ги зголеми финансиските средства од наплата на надомест за користењето на железничката инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски